Најави се
Доста е од нефункционално ЈП ПОЦ, сакаме сервисна, а не арач служба !!!
ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА
За свикување седница на Советот на Општина Центар :
Ние, долупотпишаните граѓани на Општина Центар, врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Центар, поднесуваме граѓанска иницијатива за свикување седница на Советот на Општина Центар со една точка на дневниот ред:
„Разгледување на работата на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), смена на актуелниот директор и избор на нов низ јавна, рранспарентна и конкурентна постапка, иницирање ревизија на одлуките за начинот на наплата на паркирањето и иницијатива за распишување локален референдум за моделот на организирање и наплата на паркирањето во Општина Центар.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Паркирањето во Општина Центар е јавен интерес што директно влијае врз секојдневниот живот на жителите. А ЈП ПОЦ ни оддалеку не ги ост арува функциите за кои е формиран и наместо сервис на граѓаните претворен е во наплатна служба за собирање на пари од гтаѓаните, со урурпација и несоодветно менаџирање на јавниот простор.
БАРАМЕ:
1. Отчет за финансиското и оперативното работење на ПОЦ, со јавно презентирање на приходите, расходите и реализираните инвестиции,
2. Ревизија на сите одлуки што се однесуваат на режимот и начинот на наплата на паркирањето
3. Анализа на користењето на јавниот простор за паркирање и неговото влијание врз квалитетот на живот на жителите,
4. Извештај за бројот на новоизградени јавни паркинг-места и план за изградба на нови капацитети.
5. Извештај како Општината обезбедува исполнување на обврските за паркинг-места кај новите станбени и деловни објекти,
6. Распишување локален референдум на кој жителите на Општина Центар ќе можат непосредно да се изјаснат за моделот на организирање и наплата на паркирањето.
Сметаме дека паркирањето претставува прашање од непосреден интерес за сите жители на Општина Центар и затоа одлуките што суштински влијаат врз секојдневниот живот треба да бидат донесувани транспарентно, со јавна дебата и со активно учество на граѓаните
Потписи
-
Анонимен потпишувач од општина Центар Jul 27, 2026 - 16:28
