Политика за приватност ажурирано на 23.12.2023

Во оваа изјава за приватност, објаснуваме што правиме со податоците што ги добиваме за Вас преку peticija.mk . Препорачуваме внимателно да ја прочитате оваа изјава. При обработката ги почитуваме одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Тоа значи, меѓу другото, дека:

  • - јасно ги наведуваме целите за кои ги обработуваме личните податоци. Тоа го правиме со помош на оваа изјава за приватност;
  • - настојуваме да го ограничиме прибирањето на лични податоци само на личните податоци потребни за легитимни цели;
  • - прво бараме Ваша експлицитна согласност за обработка на Вашите лични податоци во случаи кога е потребна Ваша согласност;
  • - преземаме соодветни безбедносни мерки за заштита на Вашите лични податоци и исто така го бараме тоа од страните што обработуваат лични податоци во наше име;
  • - го почитуваме Вашето право на пристап до Вашите лични податоци и нивна исправка или бришење, на Ваше барање.

Ако имате какви било прашања или сакате да знаете кои податоци за Вас ги чуваме, Ве молиме контактирајте нѐ.

1.               Цели, податоци и период на чување

Можеме да собираме или примаме лични податоци како што се:

  • - Име, презиме, адреса и град
  • - Електрона пошта
  • - Телефон
  • - Податоци за социјални мрежи на корисникот
  • - IP Адреси
  • - Однесување на корисникот на плтафромата

Основата врз која можеме да ги обработуваме овие податоци е по добивање согласност од корисниците. Корисниците даваат согласност за обработување на овие податоци со самото впишување односно прикачување на платформата.

Ове податоци може да се користат за повеќе цели поврзани со нашите деловни активности што може да вклучуваат следно:

  • - Главна цел за кој се собираат лични податоци е верификувација на адреса - (локација, град, реон) од кој корисникот дејстувава за можност за потпишување на петиција во кој корисникот е директно засегнат. Со оваа можност петициите успешно ќе можат да дадат точен број на потписници на петицијата од засегнатиот регион на креирање на паетицијата. Точниот број на потписници ќе биде испратен до адресираните страни кои се означни на самата петиција. Доколку корисникот го верификува профилот ќе добие беџ за верификација.
  • - Конктат/комуникација преку телефон или е-пошта
  • - Регистрирање корисничка сметка
  • - Електронски билтер
  • - Споделување со адресираните страни од peticija.mk

2.               Безбедност

Ние сме посветени на безбедноста на личните податоци. Преземаме соодветни безбедносни мерки за да ограничиме злоупотреба на или неовластен пристап до личните податоци. Тоа гарантира дека само неопходните лица имаат пристап до Вашите податоци, дека пристапот до податоците е заштитен и дека редовно се прави осврт на нашите безбедносни мерки.

3.               Измени и дополнувања

Го задржуваме правото да правиме измени и дополнувања на оваа политика за приватност. Препорачливо е редовно да ја консултирате оваа политика за приватност за да бидете во тек со евентуалните промени. Дополнително, ние активно ќе Ве информираме за тоа секогаш кога е можно.

4.               Пристапување и менување на Вашите податоци

Ако имате какви било прашања или сакате да знаете кои податоци за Вас ги чуваме, Ве молиме контактирајте нѐ. Можете да нѐ контактирате користејќи ги информациите подолу. Вие ги имате следните права:

  • - Имате право да знаете зошто се потребни Вашите лични податоци, што ќе се случи со нив и колку долго ќе се чуваат.
  • - Право на пристап: Имате право на пристап до Вашите лични податоци кои ни се познати.
  • - Право на исправка: имате право на дополнување, коригирање, бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци во секое време.
  • - Ако ни дадете Ваша согласност за обработка на Вашите податоци, имате право да ја повлечете согласноста и да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани.
  • - Право на преносливост на податоците: имате право да ги побарате сите Ваши лични податоци од контролорот и да ги пренесете во целост кај друг контролор.
  • - Право на приговор: можете да поднесете приговор за обработката на Вашите податоци. Ние се придржуваме до тоа, освен доколку постојат оправдани причини за обработка.

Ве молиме погрижете се секогаш јасно да се претставите, за да можеме да бидеме сигурни дека нема да измениме или избришеме податоци за погрешно лице.

5.               Поднесување поплака

Доколку не сте задоволни со начинот на кој постапуваме со (поплака за) обработката на Вашите лични податоци, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци.

6.               Информации за контакт со контролор

Здружение ЕКО ПРАВДА Валандово
 ул. „Маршал Тито“ бр. 31, 2460 Скопје
 Северна Македонија
 Веб-сајт:
https://peticija.mk
 Е-пошта: kontakt@peticija.mk
 Телефон: +38975225242

Нашиот офицер за заштита на личните податоци е регистриран со надзорниот орган во Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци. Доколку имате какви било прашања или барања во врска со оваа изјава за приватност или за нашиот офицер за заштита на личните податоци, можете да го контактирате овластеното лице Горан Балески, преку kontakt@peticija.mk, или телефонски на +38975225242.

This activity is part of the project "Peticija.mk, Innovative local digital platform for petitions", supported by the EU Civil Resilience Mechanism (CRM) within the framework of the EU funded project “Technical Assistance for improving the enabling environment for Civil Society Organisations in the Republic of North Macedonia”

Choose Your Color

Најави се