Најави се
Семејното насилство претставува сериозно кршење на човековите права, а премногу жени во нашата држава страдаат, па дури и го губат животот поради недоволна заштита и недоволна одговорност од страна на институциите.
Според статистики од 2023 година, од пријавените случаи на семејно насилство, приближно 62 % се жени, додека околу 38 % се мажи. Од страна на сторителите, приближно 91 % се мажи, додека жените сторителки учествуваат во само 9 % од случаите. Дали овие бројки се доволно алармантни за да бидеме загрижени не само за безбедноста на нашите мајки, пријателки и сестри, туку и за идната генерација која доаѓа после нас? Овие статистики јасно покажуваат дека е време за отпор, затоа што ако продолжи вака, крајот ни е запечатен во агонија и крв.
Се обраќам не само како жена, туку и како ќерка и идна мајка. Доста е! Не може повеќе да се трпи систем кој ги остава жените сами пред насилниците. Секоја жена во Македонија има право на безбедност, слобода и живот без страв. Бараме директна одговорност од надлежните кои играат голема улога во трагедиите кои демнеат над нас. Бараме правда, бараме живот, затоа што еден ден жртвата ќе биде во твојот дом, а тогаш ќе е веќе касно.
Ако сè уште не сте убедени во сериозноста на ситуацијата, земете во предвид дека млади девојки се константно сексуално злоставувани во своите школски униформи, на улица, сред бел ден, а да не зборуваме за вечерните часови, кога мораме да имаме некого на “speed dial” во случај нешто да ни се случи, бидејќи премногу често сме следени додека пешачиме сами.
Доста е! Ве повикувам да се соединиме и да дадеме отпор на оваа неправда!
Потписи
-
Анонимен потпишувач од општина Аеродром Mar 11, 2026 - 15:28
