Најави се
Ние, граѓаните, ја потпишуваме оваа петиција за одбрана на Македонија!
Го креваме гласот на народот, се мобилзираме за зачувување на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата татковина.
Во релевантни британски медиуми се објавија детални информации дека власта води разговори Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти.
Овие информации отвораат сериозни прашања за нашата безбедност, иднина и демографска стабилност.
Европската статистика јасно покажува дека земјите кои воделе лоши политики за интеграција на мигранти се соочиле со: зголемено насилство, криминал, немири, конфликти во заедниците.
Дури и најразвиените држави во Европа, како една Германија, Британија, Шведска….со години едвај се справуваат со овој предизвик.
А како ќе се справи Македонија, држава со слаби, нефункционални и под партиска контрола институции? Никако.
Во исто време, Европската Унија ги заострува мерките за мигрантите со построги правила за добивање азил, и побрзи процедури за депортирање.
Дали ќе дозволиме отворање центри за мигранти во различни општини во Македонија?
Дали ќе дозволиме сценарија во кои илјадници мигранти ќе добиваат македонски пасоши?
Мора да кажеме гласно и одлучно: НЕ!
НЕ за мигрантски бази во Македонија. НЕ за опасни и антидржавни политики. НЕ за национално предавство, понижување и загрозување на безбедноста.
Со потпишување на оваа петиција помагаме во зачување на нашата татковина. Помагаме да ја зачуваме безбедноста и иднината на Македонија.
Време е за заедничка акција, да не чекаме мрачни сценарија да се остварат, ќе биде касно!
Делуваме сега!
Да ја обраниме Македонија!
Потпишувам!
Потписи
-
Анонимен потпишувач од општина Куманово Dec 10, 2025 - 01:10
-
Љубица Соколовска Dec 10, 2025 - 01:08
-
Анонимен потпишувач од општина Карпош Dec 10, 2025 - 01:03
-
Анонимен потпишувач од општина Аеродром Dec 10, 2025 - 01:01
-
Анонимен потпишувач од општина Карпош Dec 10, 2025 - 01:01
-
Анонимен потпишувач од општина Чаир Dec 10, 2025 - 01:00
-
Анонимен потпишувач од општина Центар Dec 10, 2025 - 00:59
-
Анонимен потпишувач од општина Битола Dec 10, 2025 - 00:58
-
Анонимен потпишувач од општина Центар Dec 10, 2025 - 00:57
-
МАРЧЕВСКА ДРАГИЦА Dec 10, 2025 - 00:52
