
Ние, загрижените жители на населбата Радишани и активни граѓани на Општина Бутел, поднесуваме оваа петиција со барање за итно поставување на бетонирани лежечки полицајци на ул. Бутелска со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се заштитат животите на децата, возрасните и сите учесници во сообраќајот во нашата општина.
Улицата Бутелска претставува чест пат на движење на ученици, возрасни граѓани и жители на населбата, но воедно и зона со чест сообраќаен метеж и се забележува небезбедно возење по улицата со неприлагодена брзина. Пешаките премини не се доволни за да се намали сообраќајниот метеж и да се успори дивеењето на оваа градска и главна улица во една голема општина како нашата. Истовремено блокираните троторари го оспоруваат правилното движење на пешачи поради узурпирање на државен простор од приватни лица кои го користат за свои профитабилни и неодговорни цели што предизвикува дополнителен терет за непречено и безбедно движење на најранивлите категории во општината како што се децата, стари и изнемоштени лица, мајки со колички со бебиња, лица со пореченост и воедно сите жители на општината. Одговорното поставување на лежечки полицајци е неопходна превентивна мерка, усогласена со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој ја гарантира безбедноста, особено на ранливите категории учесници – децата и пешаците.
Оваа иницијатива се повикува на следниве правни основи:
- Устав на Република Северна Македонија кој го гарантира правото на секој граѓанин на здрава животна средина, безбедност и заштита на животот;
- Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои ја обврзуваат државата и општините да преземаат мерки за заштита на учесниците во сообраќајот, особено пешаците и децата;
- Закон за локална самоуправа, со кој општините се надлежни за уредување и одржување на локалните патишта и улици, вклучително и сообраќајната безбедност;
- Стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2021–2030, која препорачува поставување на сообраќајни бариери и физички мерки за успорување на сообраќајот во урбани средини и зони со присуство на ранливи учесници.
Со оглед на зголемената фреквенција и брзина на движење на возила на ул. Бутелска, како и присуството на деца, ученици и постари лица, бараме итно поставување на бетонирани лежечки полицајци по примерот на населба Железара и Бутел 2 како ефективна и докажана мерка за заштита на човечки животи и спречување на сообраќајни несреќи.
Со оваа петиција бараме од надлежните институции Град Скопје и Општина Бутел да ја препознаат оваа реална потреба и да постапат соодветно и итно, во интерес на заедницата и јавната безбедност и веруваме дека ќе постапат по барањето на жителите за кои работат во оваа општина.
Ви благодариме за поддршката
Потписи
-
Jelica V May 24, 2025 - 15:08
-
Simona Dukovska May 24, 2025 - 15:07
-
Vanja Nikolic May 24, 2025 - 15:04
-
Stefan Komnenovic May 24, 2025 - 15:03
-
Andrej Velkov May 24, 2025 - 14:55
-
Angel Vilarov May 24, 2025 - 14:53
-
Oleg May 24, 2025 - 14:51
-
Marina Vilarova May 24, 2025 - 12:41
-
Maksim May 24, 2025 - 12:40
-
Edusa Bekir May 23, 2025 - 19:36