Активна

АКЦИЈА ЗА ЗАТВАРАЊЕ НА ЗОО - СКОПЈЕ

Креирано од Нина Крагуевска

БАРАМЕ ИТНО ЗАТВАРАЊЕ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ. БАРАМЕ РЕЛОКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СИТЕ ЖИВОТНИ! БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СИТЕ ДОСЕГА ЗАЛУДНО ИЗГУБЕНИ ЖИВОТНИ !!! Оваа петиција нека биде прв чекор да се спротиставиме на заробениот живот и ужасната глетка која го нуди Зоолошката градина во Скопје.

- Познатата жирафа Каспер почината како последица на инфекција од бактеријата салмонела естеридис.
- Жирафа Флопи почината како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.
- Почината и жирафата Тобого.
- Минатата година починати дури осум животни. Угинале тигрица, лемури, прежавелски коњи, црн лебед, многу пингвини, џуџеската коза, а сега и слоницата Дуња која беше видно измачена и преслаба.
- Во претходните години биле заклани дури 10 коњи со образложение дека биле болни.
- Починати и трите ретки т.н прежавелски коњи, а сомнежи имало дека биле намерно отруени.

*ЗОО СКОПЈЕ НЕОДАМНА ГО ИЗГУБИ СТАТУСОТ НА ЧЛЕНКА НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ И АКВАРИУМИ.

Никакви услови, несоодветен простор, измачување, ужасна смрдеа, крици и плач кој се слуша постојано од зад решетките е секојдневната слика во Зоолошката во главниот град Скопје. Таа треба да биде едукативна, забавна и интересна, а не простор кој наликува на затвор каде што се гледаат само тажни животни, некои дури и агресивни од постојано затворениот простор, болни, слаби, измачени, без живот во нив го дочекуваат со маки секој ден како казна поминувајќи го времето само во спиење во прашина, кал и измет.

Потписи

Потписници
60
  • Elena Taseva Sep 30, 2024 - 22:26

  • Анонимен потпишувач од општина Крушево Aug 17, 2024 - 07:07
  • Светлана Марковска Aug 14, 2024 - 16:28

  • Elizabeta Neloska Aug 10, 2024 - 08:41

  • Анонимен потпишувач од општина Аеродром Aug 10, 2024 - 00:16
  • Milena Trajchevska Aug 09, 2024 - 21:17

  • Анонимен потпишувач од општина Карпош Aug 09, 2024 - 10:28
  • Bojana Aug 09, 2024 - 09:50

  • Анонимен потпишувач од општина Штип Aug 09, 2024 - 00:10
  • Анонимен потпишувач од општина Гази Баба Aug 08, 2024 - 23:38
This activity is part of the project "Peticija.mk, Innovative local digital platform for petitions", supported by the EU Civil Resilience Mechanism (CRM) within the framework of the EU funded project “Technical Assistance for improving the enabling environment for Civil Society Organisations in the Republic of North Macedonia”

Choose Your Color

Најави се