Најави се
Како граѓанска организација, ја покренуваме оваа петиција и ги повикуваме граѓаните да се приклучат во изразувањето несогласување со предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство.
Сметаме дека предложените измени отвораат сериозни прашања од јавен интерес и носат потенцијални ризици кои директно влијаат врз животната средина, приватната сопственост и квалитетот на живот.
Предложените измени создаваат реален ризик од негативни последици по јавниот интерес, вклучувајќи:
- Олеснето доделување концесии и отворање нови рудници, со што се зголемува притисокот врз природните ресурси
- Проширување на можностите приватни субјекти да иницираат проекти од „јавен интерес“, без доволно јасни критериуми
- Потенцијална злоупотреба на поимот „јавен интерес“, што може да резултира со експропријација на приватен имот
- Долгорочни последици врз животната средина - загадување на вода, почва и воздух
- Ризици по здравјето на населението, особено во локалните заедници
Дополнително, загрижувачки е начинот на кој се предлагаат овие измени, а тоа е по скратена постапка, без доволна јавна расправа и без суштинско учество на стручната и граѓанската јавност.
Во интерес на транспарентноста, одговорноста и заштитата на јавниот интерес, бараме:
- Итно повлекување на предложените законски измени
- Организирање на широка, инклузивна јавна расправа, со активно учество на експерти, граѓански организации и локални заедници
- Целосна транспарентност во сите постапки поврзани со концесии, експлоатација на природни ресурси и јавно-приватни партнерства
- Јасно дефинирање и заштита на јавниот интерес, со приоритет на заштитата на природните ресурси и здравјето на граѓаните
Ова прашање ги надминува политичките разлики.
Станува збор за долгорочната заштита на природните ресурси и условите за живот во нашата држава.
Со потпишување на оваа петиција, застануваме зад принципите дека:
- Природните ресурси се заедничко добро и треба одговорно да се управуваат
- Јавниот интерес мора да биде јасно дефиниран и заштитен
- Одлуките што влијаат на сите граѓани треба да се носат транспарентно и со учество на јавноста
Твојот потпис прави разлика.
Потпиши се денес.
Извор на слики:
Image by wirestock
Image by worradirek
Потписи
-
Анонимен потпишувач од општина Струмица May 12, 2026 - 12:19
-
Анонимен потпишувач од општина Струга May 12, 2026 - 08:48
-
Анонимен потпишувач од општина Аеродром May 11, 2026 - 22:47
-
Ирис Шавкулоска May 11, 2026 - 19:41
Организирање на широка, инклузивна јавна расправа, со активно учество на експерти, граѓански организации и локални заедници - Целосна транспарентност во сите постапки поврзани со концесии, експлоатација на природни ресурси и јавно-приватни партнерства - Јасно дефинирање и заштита на јавниот интерес, со приоритет на заштитата на природните ресурси и здравјето на граѓаните
-
Анонимен потпишувач од општина Центар May 11, 2026 - 17:08
-
Владимир Кузмановски May 11, 2026 - 13:47
-
Анонимен потпишувач од општина Струмица May 10, 2026 - 22:23
-
Анонимен потпишувач од општина Кисела Вода May 10, 2026 - 21:37
-
Марија Николоска May 10, 2026 - 15:50
Стоп за уништување на Македонија
-
Danica Kristensen May 10, 2026 - 15:42
